Вучиќ: Милошевиќ беше голем српски лидер, Србија не сака во НАТО

Од:

За време на својот говор во Косовска Митровица, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ бил голем српски лидер, но дека жебите на Србија во тоа време не биле реални. Според него, Србија не сфатила дека не е сама во светот и дека без светот не може, па поради тоа платила цена.

– Пред околу 30 години, Милошевиќ беше голем да собере стотина илјади луѓе. Нашиот народ пееше со верба, занесени и горди „Ко то лаже, ко то каже Србија је мала“, рече Вучиќ и додаде дека Србија после тоа ја дочекале три војни, дека Србите гинеле во Книн, Сараево и Приштина. Како што кажа тој во Книн денес се вее „шаховница“, во Сараево бројот на Срби е преполовен, а во Приштина живеат само неколку Срби.

Тој рече дека Србија денес расте во мир, бидејќи вложува во живот. Вучиќ истакна дека Србија се потпира на знаење и работа, а не на пушки.

Српскиот претседател додаде дека Србија денес може да го бира својот пат, пат во Европа, но и дека може гласно на сите да им каже дека не сака во НАТО.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања