Манчевски-Папас: Македонија и Грција ќе ги намалат цените во роаминг

Од:

Македонија и Грција како соседи имаат обврска кон своите граѓани покрај тоа што се соседи и да бидат партнери и постојано да соработуваат. Ова е заклучокот од средбата помеѓу министерот за информатичко општество и админситрација Дамјан Манчевски и министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми во грчката Влада, Никос Папас.

Главен фокус во разговорот на двајцата министри беше обезбедувањето на сите потребни предуслови за намалување на цените за роаминг помеѓу двете држави.

„На средбата со грчкиот колега, министерот Папас, ги продолживме разговорите за потпишување на договор помеѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на месец септември, ќе објавиме и конкретен договор, за отпочнување на процесот за намалување на цените во роаминг“, истакна министерот Манчевски.

Како што рече министерот Манчевски, договорот што го потпишаа двете влади, ги отстранува пречките за соработка кои постоеа во минатото. Договорот за роаминг, е само почеток и станува збор за многу конкретна мерка од која корист ќе имаат сите граѓани.

„Позитивниот резултат од разговорите со министерот Папас, од кои произлегуваат конкретни поволности за двете држави, се само уште една потврда за придобивките кои ќе следат по зачленувањето на Македонија во Европската Унија и НАТО. Затоа наша обврска е да излезме на престојниот референдум и да гласаме за европска Македонија“, заклучи министерот Манчевски.

Министерот Манчевски на покана на грчкиот министер Никос Папас, присуствуваше и на официјалниот ручек, заедно со висока владина делегација од Соединетите Американски Држави предовдена од Вилбур Рос, државен секретар за трговија на САД и Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

На ручекот се разговараше на повеќе теми, меѓу кои сајбер безбедност, 5Г-интероперабилност, дигитална земјоделска инфраструктура, систем за менаџирање на документи-ДМС.

Министерот Манчевски е во еднодневна посета на Солун, Р. Грција присуствуваше на отворањето на 83-тиот Меѓународен саем во Солун, што оваа година е организиран во соработка со Соединетите Американски Држави.

Под мотото „Американскиот сон ќе се оствари во Солун“, во рамки на најголемиот саем во Грција, се претставија најголемите светски компании како што се Мајкрософт, Фејсбук, Гугл, Оракал, со кои министерот Манчевски оствари билатерални средби. На средбите министерот Манчевски разговараше за можноста за соработка помеѓу Македонија и американските компании.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната