Во штипските градинки на листата за чекање останаа 60 деца

Од:

Најмалку 60 деца од претшколска возраст останаа на листите за чекање во двете градинки во Штип. Најмногу се чека за прием во објектите на градинката „Астибо“ каде, што како што вели директорката Билјана Трајчевска, имаат 50 дечиња кои чекаат да бидат примени во еден од клоновите низ штипските населби.

– Во нашата градинка имаме запишано 850 дечиња, но за жал околу 50 дечиња останаа на листа на чекање. Се уште течат уписите на деца, доаѓаат, поднесуваат документи и конечната бројка за примени дечиња ќе ја имаме на 20-ти септември, рече Трајчевска.

Според директорката, најголем проблем со сместувачки капацитети има во клоновите „Бамби“ во населбата Баби и клонот „Сончогледи“ во населбата Сењак.

– Сите оние дечиња кои во септември нема да се јават во градинка, на тие места ќе бидат запишани дечиња од списокот на чекање, рече Трајчевска.

Во градинката „Вера Циривири –Трена“ на листата на чекање останале над 10 дечиња. Од општина Штип велат дека овој проблем со долгите листи на чекање ќе се надмине со изградбата на градинката во населбата Сењак, која ќе има капацитет за 200 деца, а се очекува да биде пуштена во употреба наредната година.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он