Во Дебар бокс меч за светски шампион во WBU категорија

Од:

Во големата спортска сала во Дебар вечер ќе се одржи боксерски меч во рамки на натпреварите за светски шампион во WBU категорија.

Силите ќе ги одмерат албанскиот боксер Џетан Кета и босанскиот боксер Слаѓан Јањанин. Тој во овој меч го заменува Мексиканецот Паул Валензуел, кој поради повреда го откажал дуелот со Кета.

Триесет и петгодишниот Џетан потекнува од пограничното албанско гратче Булќиза, а со бокс се занимаваат и неговите браќа.

Според албанските медиуми изминатите денови тој е во родното место и тренира заедно браќата..

Статистиката потврдува дека Кета има 26 соочувања при што во 22 бил победник од кои 18 со нокаут. Јањанин има два меча повеќе од Кета. Извојувал победа во 25 од нив 19 со нокаут.

Светски шапиони во ова категорија биле Џорџ Фореман како и Рои Џонс.

Освен мечот Кета-Јањанин ќе има и најмалку три други мечеви со по три рунди, а пред дебарани ќе настапат и познати пејачи од албанската естрада. Активноста, како што велат од локалната власт, е во рамките на одбележувањето на 500-годишнината од смртта на Скендер бег. Мечот почнува во 19 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка