Распишана е меѓународна и интерна потерница за сопственикот на „Секјуриком“, осомничен за злупотреби.
Австриецот Волфганг Гампер, претходно ја напушти државата со одземен пасош од судот, и покрај тоа што е осомничен за злоупотреба на службена положба.
Судот претходно му имаше одредено притвор од 30 дена, веднаш штом ќе биде пронајден или лишен од слобода.
Финансиската полиција го осомничи, заедно со поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски за криминал тежок 11 милиони евра со тенедер за одржување на просториите на Владата.
Според истрагата, пријавените склучиле договор на 31 август 2015 година спротивно на член 15 од Законот за јавните набавки, со кој „Секјуриком“ добил противправна имотна корист од 660.834.855 денари.
Муареми рече дека предметот вчера бил предаден во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и дека ова е само прва фаза од истрагата.
Васко Маглешов