Безбедносната состојба во општина Дебар на највисоко ниво

Од:

Безбедноста состојба на подрачјето на општина Дебар е на највисоко ниво. Паниката и несигурноста која се чувствува кај граѓаните е неоснована.Тоа е последица на лажните вести и шпекулации за наводни извршени кражби или обиди за тоа, кои ги пренесуваат одредени локални портали.

Ова е оценката што на денешната вонредна седница на Советот на општина Дебар ја изнесе Аргетим Војника, командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар, на која главна точка на дневен ред беше информацијата за безбедносната состојба во општината.

– Нашата статистика и направените анализи говорат дека безбедносната состојба на подрачјето на општината е на највисоко ниво, како последица на максималната ангажираност на сите полициски службеници. Во последните месеци регистрирано е само едно разбојништво, кое е пред расветлување, а го работиме во соработка со албанските колеги од Полицискиот комесаријат од пограничниот град Пешкопеја. Тројното убиство што се случи, како што објави и обвинителството, е последица на семејни недоразбирања, изјави Војника.

Тој посочи дека и покрај тоа што во Дебар во летниот период престојувале околу пет илјади печалбари, имало зголемена фрекфенција во сообраќајот, за неколупати од вообичаената, се одржале со стотици домашни веселби и слично, не е регистрирано поголемо нарушување на јавниот ред и мир, помал е бројот на сообраќајни прекршоци и незгоди, а она што посебно е значајно што нема ни една незгода со смрттни последици.

Советниците побараа од надлежните да превземат соодветни законски мерки кон порталите кои шират лажни вести и создаваат паника кај населението и превентивно да се делува кај населенито, поради зачестените лажни повици на бројот 192.

Членовите на советот расправаа и околу состојбата со градската депонија, од каде чадот и понатаму ги гуши жителите на градот.

– Некој си игра со здравјето на граѓаните. Станува збор за подметнати пожари. Имаме добра соработка со Територијалната противпожарна единица, која доаѓа да интервенира, но тоа се повторува. Се до изградбата на планираната регионална депонија во југозападниот регион, тоа што во овој миг ни е најпотребно, а со што би го надминале овој проблем, е набавката на булдужер, изјави Омер Цами, раководител на единицата за јавна хигиена во Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Дел од советниците посочија дека основач на ЈКП „Стандард“ е локалната самоуправа и оти таа треба да се ангажира во набавка на потребното возило. Во однос на ова, како и прашањето околу создавањето диви депонии насекаде низ општината, посебна критика беше упатена до несовесните граѓани, како и до комуналниот инспектор,кој,како што беше речено, со години нема поднесено ни една пријава.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион