Шест месеци казна затвор за напаѓачот на новинарската екипа на А1он

Од:

Основниот суд Скопје 1 Скопје го прогласи за виновен и му одреди затворска казна од шест месеци на Матија Каников, лицето кое ја нападна новинарската екипа на А1он на протестите „За заедничка Македонија“ на 28 февруари минатата година.

Судијката Марија Клетничка Марковска напомена дека при донесување на одлуката во обзир се земени сите олеснителни и отежителни околности.

Јавното обвинителство во текот на доказната постапка приложи над 1 час видео материјали и фотографии како докази за делото.

Оштетените претходно во постапката се изјаснија дека се приклучуваат кон материјално побарување.

Осудениот Каников има право на жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена.

На 28 февруари, 2017-та година, со тупаници по главата и по телото беа нападнати снимателот и новинарот на А1он од Матија Каников пред Собранието на Република Македонија кој присуствувал на протестот организиран од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија.

И двајцата со возило на брза помош беа пренесени во ургентен центар.

Дел од демонстрантите ја искршија и камерата на А1он по што избегаа од местото.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – Медиумите на „Клип Медиа Груп“ прославија јубилејни родендени

Ана Ололовска

Судијка нападна новинар на „А1он“ со закана: „Собирајте лаптопот, ќе ви го одземам“

Ана Ололовска

А1он, Макфакс, Репортер, ДодајГас, УСБ, ТопСпорт излегуваат од Time.mk

Ландов

ССНМ: Пратеникот Апасиев да не шири омраза и нетрпеливост кон новинарите

ЗНМ ја поздрави одлуката за затворска казна за напаѓачот на новинарите на А1он

Наум Локоски

ВИДЕО: Започна судењето за нападот врз новинарите на „А1 он“, обвинетиот не се чувствува виновен

Ана Ололовска