(ВИДЕО) Џафери: Нема кеш за пратениците за референдумска кампања, Собранието ќе се рекламира само во телевизии и радија

Од:

Пратениците, ниту партиите нема во кеш да добиваат пари од предвидените 80 милиони денари за кампања за референдумот, рече собранискиот спикер, Талат Џафери.

„Средствата за кампања се на посебна сметка. Ќе се делат пропорционално спрема пратеничките групи кои се изјаснија ‘за’ или ‘против’. Иако 49 пратеници рекоа да се пренаменат, не може, средства остануваат. Собранието откупува медиумски простор. За кампањата ‘за’ ќе може да се потрошат 59 посто од сумата, а за кампањата ‘против’ остануваат 41 посто од предвидените средства“, појасни Џафери и додаде можат да се закупат максимално 9 минути на реален час програма.

„Колку ќе потрошиме од максимумот толку ќе платиме, во согласност со дневниот медиа план“, рече претседателот на Собранието.

Парламентот наменските средства не може да ги троши за други намени, останатите непотрошени средства ќе се вратат во буџетот, повтори Џафери.

„Ние имаме обврска да откупиме медиумски простор според одлуката на ДИК. Практичната работа на пратениците е во доменот на нивните овластувања. Дали ќе имаат средби или ќе одат од врата на врата, тоа е личен избор“.

Законот дозволува сите заинтересирани да се вклучат во кампања, но од сопствени средства.

Џафери за Милошоски рече дека тој е дел од ВМРО-ДПМНЕ и не може да се третира индивидуално. Собранискиот претседател истакна и дека кампањата ќе ја водат трнаспретно.

„Свесни сме дека голем дел од граѓаните ги знаат придобивките од членството што е потврдено и преку анкетите кои покажуваат дека поддршката за ЕУ и НАТО не паднала под 70%, а свесни сме дека има и граѓани кои не го поддржуваат членството на земјата во овие институции“, кажа тој.

Државните институции имаат обврска да му овозможат на секој граѓанин на 30 септември да донесе одлука, добро информиран, и преку својот глас да ја искаже својата волја, додаде Џафери. На крајот, ги повика сите учесници во кампањата да бидат коректни и достојни.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште