МЗТ Скопје домаќин на Унион Олимпија

Од:

Македонскиот првак, МЗТ Скопје Аеродром вечерва во СЦ Борис Трајковски со почеток од 21 часот против Унион Олимпија ќе го одигра натпреварот од 20.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

Гостите од Словенија најавија реванш за поразот во Љубљана во првиот дел од сезоната, а македонскиот претставник ќе се обиде со евентуална победа да ги задржи шансите за пласман во горниот дел од табелата.

И двете екипи по 19 одиграни натпревари имаат биланс од 10 победи и 9 порази.

Покрај средбата МЗТ Скопје Аердором – Унион Олимпија, денеска на програмата се и натпреварите: Цибона – Будуќност, Шолнок – Црвена Звезда, Задар – Широки и Партизан – Сплит.

Последните два дуела од ова коло се закажани за утре. Лидерот Игокеа ќе ја пречека Цедевита, додека Крка е домаќин на Раднички.

Табела: Игокеа 15-4 (победи-порази), Црвена Звезда 13-6, Партизан 12-7, Будуќност 11-8, Раднички 11-8, Цедевита 11-8, Унион Олимпија 10-9, МЗТ Скопје Аеродром 10-9, Крка 8-11, Цибона 7-12, Задар 7-12, Сплит 7-12, Широки 6-13 и Шолнок 5-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он