Твитер стана објект на хакерски напад

Од:

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека околу 250.000 профили на нејзините корисници биле објект на хакерски напад, сличен на нападите извршени врз американски медиуми и компании.

– Хакерите успеале да се здобијат со имињата, и-мејл адресите и лозинките, како и со други податоци на околу 250.000 корисници на мрежата, изјави директорот за безбедност на Твитер Боб Лорд.

Тој истакна дека нападот не бил аматерска работа и дека не станува збор за изолиран инцидент.

– Кибер напаѓачите беа многу добро подготвени и употребија најсовремени техники и ние сметаме дека и други компании и институции беа нападнати на истиот начин, рече Лорд.

Тој појасни дека неговите експерти за безбедноста влегле во трагот на нападот на хакерите, кога тој се извршувал, и успеале набрзо да го прекинат.

Компанијата ги блокирала и лозинките и профилите, за кои се смета дека биле мета на нападот, и ги замолила тие корисници да создадат друга лозинка.

Претставник на Твитер предупреди да не се користи софтверот Јава, затоа што е ранлив на хакерски напади. Вакво предупредување пред извесно време упати и американското Министерство за национална безбедност.

Во последно време објект на хакерски напади беа весниците „Њујорк тајмс“ и „Волстрит џурнал“. Медиумите ја посочија како главен виновник на кибер нападите кинеската Влада.

Веста за новиот хакерски напад врз американска социјална мрежа или компанија доаѓа во момент кога шефот на Гугл Ерик Шмит истакна дека САД се во позиција на послабиот во однос на Кина, кога станува збор за кибер напади.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Македонија има најбрз интернет во регионот

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ