ВМРО-ДПМНЕ: Однесувањето на власта кон новинарите е показател за односот кон севкупната јавност

Од:

Денешниот напад врз новинарите е обид за заплашување, замолкнување и цензура кон сите оние кои што се осмелуваат да ги истражуваат и отворено да говорат за криминалите на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со конфронтацијата на вицепремиерот Анѓушев со новинарот на Алсат М.

„Однесувањето на власта кон претставниците на седмата сила е показател на односот на власта кон севкупната јавност. Денешното однесување на еден заменик претседател на Влада кој што демонстрирал физичка сила пред новинари, користејќи закани и замавнувања само како резултат на негово незадоволство од новинарската работа е само доказ дека криминалниот картел на власт нема ниту трошка демократски капацитет“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија го осудија овој и сите досегашни испади со демнстрација на сила и заплашување против медиумите и инсистираат на жесток одговор и осуда од институциите.

„Денешниот случај во кој што е вмешан министер за жал е само продолжение на насилството кое се спроведува врз јавноста. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува медиумите, нивните сопственици но уште повеќе директни претставници, новинарите, фоторепортерите и снимателите, да не подлегнуваат под притисокот и да останат првите и вистински борци за демократијата и да продолжат да објавуваат за вистината за матните зделки на криминалниот картел на власт“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито