(ВИДЕО) Стоилковски: Кампањата „За европска Македонија“ е лажна и ги доведува гласачите во заблуда

Од:

Зоран Заев лаже. Зоран Заев безочно лаже во екот на референдумската кампања, пред очите на институциите кои се должни да внимаваат граѓаните да не бидат доведени во заблуда, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Референдумот на 30ти е распишан по капитулантскиот, погубниот договор од Нивици со кој комплетно се брише Република Македонија и идентитетот на Македонците. Референдумот на 30ти е дали сте за Република Северна Македонија и промена на сите имиња и институции преку кои се идентификуваат граѓаните. Кампањата „За европска Македонија“ е лажна и ги доведува гласачите во заблуда. Оваа кампања е срамна и лажна исто колку што беше срамна и лажна кампањата „За живот“. Лагите кои ги шири Заев на сметка на буџетот се резултат на претходните лаги! Овој референдум не е за европски вредности, туку за палење на историските факти од учебниците и помагалата, рече Стоилковски.

Според него, референдумот не е за Македонија да стане 30та членка на НАТО, туку за бришење на придавката „македонска“ од името на националната телевизија, театар, академија на науките и уметностите.

– Референдумот не е за европски пазар на македонските компании, туку за целосно бришење на македонските брендови и кодови . Референдумот не е за економски развој и подобра иднина, туку за распродажба на националните интереси и минато. Референдумот не е за европски вакцини, туку за евтаназија на секој што е Македонец. Референдумот не е за европска Македонија, туку за претворање на Македонците во вештачка творба без историја и потекло! Oбидот да се стави равенство меѓу евро и евроатланските интеграции и бришењето на името на државата и идентитетот на нацијата е срамен обид да се покрие криминалот на оваа бесрамна корумпирана власт. Никој во ЕУ ниту во НАТО не бараше да се смени Уставот. Зоран Заев го продаде Уставот, го даде името, идентитетот, историјата. Зоране Заев, доста е, престани со лагите и соочи се со вистината! Народот е разочаран, потиштен и излажан. Народот знае дека овој договор е погубен, дека овој договор е се’ само не достоинствен живот, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ