Судијката Добрила Кацарска за време на сведочењето на пратеникот Мухамед Зеќири за 27 април остро реагираше на однесувањето на обвинетиот Влатко Трајковски по што му рече доколку не престане со недоличното однесување ќе го исфрли од судницата.
– Последен пат ве опоменувам, престанете да го реметите редот во судницата, во спротивно ќе ве исфрлам од судницата и целото судење ќе бидете надвор, рече Кацарска.
Претседателката на Судечкиот совет отфрли голем број од прашањата на одбраната по приговор на обвинителството дека не се во согласност со исказот на сведокот.
После Зеќири, сведочење за 27 април ќе има и градоначалникот Петре Шилегов.
Виктор Јованов