Зеќири: „Каде е Муки, каде е шиптарот“, со навредливи зборови ме бараа низ Собранието

Од:

На денешното рочиште за насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година, сведокот Мухамед Зеќири рече дека при влезот на толпата во Собранието тој заедно со уште неколку пратенички успеале да се сокријат во преведувачката кабина во прес центарот од каде слушал како толпата го извикува неговото име со навредливи зборови.

– Додека го тепаа пратеникот Павле Богоевски извикуваа каде е Муки, каде е Муки, каде е шиптарот, со навредливи зборови. Се обидоа да влезат и во просторијата каде бев јас, но пратеничката Ременски им кажа дека вратата е затворена и дека нема никој, сведочи Зеќири.

Пратеникот исто така истакна дека додека од горе ја следел целата ситуација во прес центарот забележал лице со оружје.

– Видов лице кое позади грбот имаше оружје. Едно време оружјето му падна и почна да го бара низ толпата, вели Зеќири.

– Лицето со пиштолот беше во црна маичка, ќелав и со брада, рече Зеќири

Тој кажа дека два и пол часа седеле во кабината, по што се преместиле во друга просторија, каде имало и други пратеници.

– Имаше и општи закaни „Ќе ве убиеме сите”, додаде Зеќири.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески