Адвокатката Сања Алексиќ заедно со адвокатот Еленко Миланов и уште неколку адвокати, на денешното рочиште за 27 април, упати приговор за начинот на кој обвинителката Вилма Русковска ги поставува прашањата упатени кон сведокот Мухамед Зеќири.
– Секое прашање од типот „дали ова или она“ е наведувачко, рекоа адвокатите на обвинетите.
На денешното судење за насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година пред судот сведочат пратеникот Мухамед Зеќири и актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
Виктор Јованов