Одбележување на Меѓународниот ден на физиотерапевтите

Од:

Здружението на физиотерапевти на Република Македонија со повеќе активности ќе го одбележи 8 Септември, Меѓународен ден на физиотерапевтите.

Претставници од Здружението вечер во 19 часот на плоштадот „Македонија“ ќе делат промотивен материјал на кој ќе биде претставена годинашната тема на прославата на Светската конфедерација на физиотерапевти „Преку физичка активност до подобро ментално здравје“.

Ќе се даваат совети за тоа како физичкото и менталното здравје се две зависни компоненти една од друга и за потребата од физичка активност која нуди превенција од појава на депресија, анксиозност, го подобрува квалитетот на живот и самодоверба.

В сабота во Клиничката болница-Аџибадем Систина ќе се одржи едукативен семинар на тема „Рехабилитација во ортопедија и трауматологија“.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!