(ВИДЕО) Бубевски: Делото за Груевски застарува на крајот на октомври

Од:

Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО, на новинарско прашање по денешната јавна седница во Апелациониот суд за пресудата во предметот „Тенк“, рече дека делото застарува на крајот од октомври. Тој очекува второстепениот суд да ја потврди пресудата на советот со кој претседаваше судијката Добрила Кацарска.

На прашање како го коментира говорот на обвинетиот Ѓоко Поповски, кој рече дека во Македонија ако не можеш по коњот, удри по самарот, Бубевски рече дека во овој случај е удрено и по коњот и по самарот. Бубевски дополни дека трошоците од 2500 евра за вештачењата не се високи, бидејќи ниту еден вештак не сакал да вештачи за СЈО, па морале да ангажираат странска фирма со подружница во Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање обвинителот се осврна на тезата на експремиерот Никола Груевски дека Апелацискиот суд ќе му ја намали казната на под една година за да нема право на жалба до Врховниот суд. Бубевски одговори дека хипотетички, доколку дојде до намалување на казната под една година, во таква ситуација Груевски не би имал право да поднесе барање за вонреден правен лек. Но, имајќи предвид дека казната кон Ѓоко Поповски е многу повисока, тој би имал можност со вонреден правен лек да бара преиспитување на одлуката од Врховниот суд. Евентуалната поволна одлука за Ѓоко Поповски ќе важи и за Никола Груевски според начелото на „привилегија на здружување“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он