ВМРО-ДПМНЕ: Корумпираната власт на СДСМ ги остави учениците без книги и учебници

Од:

„Корумпираната власт на СДСМ ги остави учениците без книги и учебници. Освен сомнеж за сериозен криминал, нема друго објаснување за оставањето на учениците да ја почнат новата учебна година без книги, кои допрва ќе треба да се печатат.

Министерството за образование и наука преку сомнителна набавка во 4 очи додели 27 договори во износ од 7.5 милиони евра без објавување на оглас во рок од 3 дена.

Нема тендери, нема критериуми, нема конкуренција, нема ниту еден единствен податок кој укажува дека овие јавни набавки не се сомнителни и криминални.
Под превезот на референдумот Заев и криминалниот картел успеаја да испумпаат милиони народни пари и успеаја да ги наполнат џебовите.

Наместо поквалитетно образование, СДСМ за цело лето не успеа ниту да ги изреновира училиштата, ниту да овозможни нормални услови за образование на младите.

Оваа криминална влада на СДСМ нема капацитет за водење на Република Македонија.

Зоран Заев не поседува ниту еден европски принцип. Криминалната влада на СДСМ не поседува европски вредности. Единствена допирна точка на Зоран Заев со Европската унија е што е роден и живее на европско тло.

Република Македонија ги губи сите битки на полето на развој, економија, здравство, образование, а Заев и СДСМ ги интересираат само наместените тендери и личните бизниси.

Ова еден ден ќе прекине, а Заев и криминалниот картел ќе одговараат. Граѓаните и Република Македонија ќе победат!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага