Ферари го претстави болидот F138

Од:

Екипата на Ферари во својата база во Маранело го претстави болидот со кој ќе се натпреварува во првенството на Формула 1, во сезоната 2013.

Билидот ќе ја носи ознаката „F138“ е 59-от за италијанскиот тим. Болидот е развиван во воздушниот тунел на Тојота, во Келн, откако Ферари, поради надоградба, го затвори својот воздушен.

Во Ферари се надеваат дека овој болид ќе има многу подобар старт од минатогодишниот модел, кој на почетокот од сезоната, зад конкурентите имаше послаби резултати за речиси две скунди.

„Главна цел ни беше да направиме болид со кој нашите возачи ќе бидат конкурентни. Изминатите години не успеавме во тоа, па поради се обидуваме да се подобриме организациски, односно да бидеме многу поефективни кога ќе започнат тестирањата“, рече шефот на Фераи, Стефано Доменикали.

Тандемот на Ферари за сезоната 2013 ќе го сочинуваат Фернадо Алонсо и Фелипе Маса. Новот возило прв ќе го испроба Маса, следната недела на патеката во Херез, Алонсо ќе ги пропушти првите тестирања.

Покрај Ферари, новиот болид го претстави и екипата на Форс Индија, која минатата сезона, во конкуренција на конструктори ја заврши на седмото место.

Екипата чие седиште се наоѓа во Силверсон, деновиве ќе треба да го објави и името на вториот возач, односно кој ќе му биде колега на Пол ди Реста. Според медиумите најмногу шанси има францускиот возач, Жил Бјанки.

Пред Ферари и Форс Индија, новите болиди ги претставија Лотус и Мекларен.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он