„Не сум под притисок“, вели судијката Периќ која треба да одлучува за затворот на Груевски

Од:

„Не сум под притисок“. Ова е краткиот одговор кој за А1он го даде претседателката на судечкиот совет, Цветанка Периќ, која на денешната прес-конференција ја спомна обвинетиот експремиер, Никола Груевски дека била под притисок и уценета како да одлучува во предметот „Тенк“, поради иницијативата пред Судскиот совет за нејзино разрешување.

Судијката Периќ за А1он вели дека не го чула говорот на експремиерот во Собранието.

„Немам коментар. Првпат од вас слушам. Ние работиме по други предмети во моментот, разгледуваме сосема други случаи“, рече судијката.

Таа потврди дека конкретниот предмет за кој се поднесени жалби, се суди во согласност со Законот и дека во ништо не е поразличен од останатите предмети по кои постапува.

„По овој предмет се постапува најадекватно како и по сите други предмети. Не е во ништо посебен, се работи онака како што е потребно за секој предмет и согласно законот, ништо повеќе“, рече Периќ.

Судијката вели дека таа самата не одлучува во конкретниот предмет, туку заедно во советот се уште четворица судии.

„Одлуките не ги носам јас. Одлуката ја носат сите судии што постапуваат по тој предмет како совет“.

Утре Груевски најави дека ниту тој ниту неговите адвокати нема да присуствуваат на јавната седница во Апелацискиот суд. Првиот состав на судечкиот совет беше сменет, откако судијката Лидија Чачева поради болест во советот ја замени судијата Зоран Димитровски. Со нив во советот кој ќе одлучува се и Тања Милева и Енвер Беџети.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави