Трибина за перспективите на македонската економија по членството во ЕУ и НАТО

Од:

Трибина за перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и НАТО, организира денеска Стопанската комора на Македонија.

На трибината, премиерот Зоран Заев и претседателот на Комората Бранко Азески ќе иницираат дискусија не само за прашања поврзани со темата, туку и за последиците доколку Македонија не се движи во насока на исполнување на зацртаните цели.

– Усвојување и спроведување на европските стандарди, функционирање во рамки на единствениот пазар во Унијата, приливот на странски инвестиции, воспоставување долгорочни деловни партнерства со бизниси кои се дел од ЕУ и НАТО, се само дел од прашањата кои се од посебна важност и интерес од кои зависи идниот развој на македонското стопанство, а за кои е потребна поширока дискусија со претставниците на деловната заедница, наведува Стопанската комора во најавата за трибината.

Би можело да ве интересира

Македонскиот пазар е стабилен, има доволни количини на квалитетни и безбедни конзумни јајца

Горан Наумовски

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Oтворено писмо до јавноста од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on