ДП: Албанија и Косово да сторат се за успешен референдум во Македонија

Од:

Најголемата албанска опозициска партија, Демократската (ДП), побара од Албанија и од Косово „да сторат се за позитивен резултат на референдумот во Македонија кој е од огромно значење за оваа земја“.

Пренесувајќи го партискиот став, актуелниот пратеник и поранешен шеф на дипломатијата, Тритан Шеху, изјави дека албанскиот фактор на Балканот треба „да влијае на позитивниот резултат на референдумот што ќе се одржи на 30 септември“.

– Албанија, Косово и целокупниот албански фактор во регионот треба да бидат активна страна за да помогнат да се постигне позитивен резултат, кој е од витално значење за Македонија, смета Шеху, кој е и најсериозен кандидат за иден градоначалник на Тирана.

Тој додаде дека оние кои сакаат да го „поткопаат” референдумот се оние кои со години создадоа многу вештачки проблеми со Грција, со Брисел и со НАТО, за да ги подигнат пречките во интегративните процеси, за кои нема прошка и кои денес и понатаму се обидуваат да ја стават својата земја некаде далеку на Исток, дури и за интерес на трети земји.

Пртетходно и шефот на албанската држава Илир Мета ги повикува сите Албанци во Македонија да учествуваат на референдумот на 30 септември и да гласаат за договорот, за отворање на ново поглавје не само во корист на интеграцијата на Македонија, туку и нивната иднина во оваа земја.

Тој верува во успехот на рефенредмот што, според него, ќе биде победа на европските и евроатланските интегративни сили и дух, наспроти „архаичните, антиевропски и анти-НАТО тенденции не само во Македонија, туку и низ целиот наш регион“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја