Акција за расчистување на депонијата пред кумановската населба „Перо Чичо“

Од:

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ реализираат уште една акција за расчистување на „дивата“ мини депонија пред влезот на кумановската населба „Перо Чичо“. Досега, само за еден ден изнесени се 10 камиони со смет, информираше директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски. За чистењето на депонијата ангажирана е дополнителна механизација.

– Депонијата постојано се чисти, но и постојано се создава. Исчистен е горниот дел, од понеделник продолжуваме со страничниот дел, изјави Стојчевски.

Депонијата пред населбата „Перо Чичо“ беше исчистена пред само два месеци, но повторно по кој знае кој пат, несосвесни граѓани на оваа локација фрлаа смет и градежен шут во огромни количини. Во текот на летото, во неколку наврати гореше и сметот на депонијата, па постојано интервенираа и екипите на противпожарната единица.

Надлежните од претпријатието апелираа до граѓаните совесно да се однесуваат кон непосредната животна средина.

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ ја исчистија и улицата „Ѓорче Петров“ која води кон населбата и го уредија зеленилото на паркинг просторот пред населбата.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци