Ќе биде или не?

Од:

outlookindia.com

Дали некогаш сте размислувале да ја посетите Македонија? Малата балканска земја е неверојатна, со многу природни убавини и архитектонски реткости. Меѓутоа, ако одлучите да заминете во посета, погрижете се да знаете во која земја ќе одите. Да, добро слушнавте. По повеќегодишниот спор со Грција, државата Македонија ќе се вика Република Северна Македонија, откако договорот ќе биде ратификуван од страна на парламентите на двете земји и референдумот во таа балканска земја.

За повеќе од три децении, поради името се влошија односите меѓу соседните земји. Откако Македонија се стекна со независност од Југославија во 1991 година, грчката Влада беше бесна бидејќи сметаше дека името е присвоено, а исто така, сметаше, дека балканската држава има територијални аспирации бидејќи Грција, исто така, има регион наречен Македонија. Впрочем, тоа е домот на Александар Велики и татко му Филип. Не е ни чудо што Грците се посесивни за името.

– Ова е храбар, историски и неопходен чекор за нашите народи, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас пред неколку недели, по потпишувањето на договорот во Псарадес, рибарско село, на границата меѓу двете земји.

Според анкетите, се претпоставува дека македонското население ќе гласа за новото име. Во Обединетите нации, земјата е нарекувана „Поранешна југословенска Република Македонија” или ПЈРМ, за да се избегне забуна.

Откако земјата официјално ќе стане Северна Македонија, ќе им се придружи на групата земји со одредници во нивните имиња. Можеби не мислиме на нив како на одредници, но помислете – Јужна Африка, Источен Тимор? Сега нема „Западни“ откако Западна Германија и Западна Самоа престанаа да постојат. Со оглед на тоа дека Северна Македонија (да се надеваме) наскоро ќе го смени името, проверете го името на земјата кога ќе аплицирате за виза за да патувате во таа балканска земја, а исто така отпатувајте во земја со насока во нејзино име!

П.С. Не може да се аплицира за виза за Македонија од Индија. Ако имате валидна Шенген виза, посетете ја таа земја!

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска