Единствена Македонија: Бројчаникот на Заев да брои двонасочно, и влез и излез на украдените пари од буџетот

Од:

„Марионетската власт во Скопје го постави долгонајавуваниот бројчаник кој треба да го регистрира враќањето на буџетски пари што биле украдении од претходната власт.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да го програмира бројчаникот двонасочно со цел да регистрира и влез на украдени пари од претходната власт и излез на украдени пари од сегашната влада. Ова од причина што секојдневно гледаме како се редат скандали со кражба на народни пари од актуелни министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра и тендери во милиони евра.

Само со двонасочно вртење на бројчаникот, народот ќе види искреност кај владата во борбата со криминалот. Во спротивно, бројчаникот ќе остане ефтин предреферендумски маркетиншки трик на владата на Зоран Заев земајќи предвид дека бројчаникот го најави уште кога беше во опозиција, меѓутоа, иако владата е инсталирана пред повеќе од една година, бројчаникот го поставуваат токму сега во кампањата за референдумот.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано не само од претходната власт туку од сите криминалци во изминатите 27 години. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска