(ВИДЕО) Рауфи: Сигурен сум дека сведокот знае кој навистина пукал кај Смилковското езеро, но не знам зошто крие

Од:

Денешниот главен претрес покажа дека овие обвинети немаат врска со овој настан и дека загрозениот сведок е лажен и наместен, рече во изјава пред судот, адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.

„Од денешниот исказ на загрозениот сведок испаѓа дека тој ги слушал истрелите, а мислам дека одговори и дека дури и видел кој пука, но потоа се премисли и кажа дека не видел. Јас сум сигурен дека и знае кој пукал, но не знам од кои прични не ги посочува тие што се извршители на ова дело“, рече Рауфи.

Тој додаде дека од денешните прашања на судскиот совет излегле некои нови моменти, кои кај поранешниот судски совет одбраната на обвинетите ги поставувала како прашања, но не биле дозволени.

Запрашан за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се наоѓаат во Косово, Рауфи истакна дека е сигурен оти до тоа нема да дојде и смета дека не треба зошто, како што кажа, стнува збор за очигледно невини луѓе.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов