Градоначалникот Димитриевски во посета на збратимената Општина Чорлу

Од:

Соработката во културата и во спортот, како и можната економска соработка, беа клучните теми за кои разговараа градоначалникиот на општина Куманово Максим Димитриевски и неговиот турски колега, градоначалникот на општина Чорлу Ахмет Сарикурт.

Димитриевски, придружуван од турската заедница во Куманово, по повод националниот празник на Република Турција и на покана на Сарикурт, престојува во Чорлу.

Како што соопшти Општина Куманово, Димитриевски му го честитал изборот на Сарикурт за нов градоначалник.
Градоначалникот Сарикурт најавил можна посета на Куманово во почетокот на идната година во придружба на бизнис делегација со заинтересирани инвеститори за кумановската индустриска зона.

Општина Чорлу е најбрзорастечка општина во Република Турција. Располага со над 2.500 мали и средни фабрики, а секоја година бројот на жителите се зголемува за 10.000.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра