Незначително помал број ученици годинава во кумановските средни училишта

Од:

Во петте кумановските средни училишта годинава во прва година ќе тргнат 1.256 ученици што е незначително помалку во однос на минатата година, информираат од Секторот за образование на општина Куманово.

Најголем интерес има за медицинската струка од стручните училишта и за гимназиското образование, а најмал е интересот за текстилната струка.

Во средното училиште „Перо Наков“ годинава во прва година се запишале 141 ученик што е помалку во однос на лани кога биле запишани 192 ученика. Особено намалување на бројот на запишани средношколци во ова училиште има во паралелките каде наставата се одвива на албански јазик.

Незначително помал број ученици годинава се запишале во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ – 508 каде лани во прва година тргнале 514 ученици.

– И покрај помалиот број на запишани ученици во средните училишта, ќе се формираат паралелки и ќе ангажира постојаниот кадар, изјави раководителот на Секторот за образование Жика Крстевски.

Во средното стручно училиште „Киро Бурназ“ годинава се запишале 131 ученик што е за седум ученика повеќе во однос на лани, додека во гимназијата „Сами Фрашери“ има тројца ученика повеќе, а во гимназијата „Гоце Делчев“ се запишале 33 ученика повеќе од минатата година.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски