Јанша ги презема должностите на министерот за финансии

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги информираше денеска членовите на Владата и Парламентот дека со неговите редовни должности на неодредено време ги презема и должностите на министерот за финансии.

Министерот за урбанизам и инфраструктура Звоне Чернач ќе ги преземе и должности на минситерот за јавна управа.

Оваа одлука Јанша ја донесе, откако партијата Граѓанска листа ја напушти владејачката коалиција и мина во опозиција, а министерот за финансии Јанез Шуштершич и министерот за јавна управа Сенко Пличанич како членови на таа партија поднесоа оставки од своите фуниции во Владата.

За крајот на овој месец и почетокот на март заминување од коалицијата на Јанша и Владата најавуват и Демократската партија на пензионерите и Словенечката народна партија и сите нивни министри. Доколку тоа се случи Владата на Јанша би имала контрола само врз половина од 12-те министри во кабинетот.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски