Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на настан организиран од ОБСЕ, го искара кривичниот суд во Скопје поради бавното закажување рочишта за предметите на СЈО.
„Во септември во судот е закажано само 1 рочиште за „Титаник“, рече Јанева.
Таа апелираше до судот да ја забрза работата. Јанева го спореди распоредот на предметите на СЈО, со закажувањето рочишта за крвавиот четврток.
Специјалната јавна обвинителка рече дека не стравува дека ќе застарат предметите, но очекува и судот да води сметка за тоа.
Васко Маглешов