Во Куманово акција за заловување на кучиња скитници околу училиштата

Од:

Стручните екипи за заловување на кучиња скитници, почнаа акција за заловување околу кумановските основни и средни училишта, информираа денеска од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово. Оваа акција како и претходните се спроведува согласно годишниот план за заловување.

– Од почетокот на спроведувањето на тендерот, кој на годишно ниво изнесува 800.000 денари без данок на додадена вредност заловени се 70-тина кучиња или во текот на летниот период заловени се 70-тина кучиња скитници, изјави комуналниот редар Гордан Таневски од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово.

Кучињата се заловуваат, им се врши стерилизација, вакцинација и дехелминитизација, се иднетификуваат со микро чип и им се става околувратник во боја. По одреден период поминати во прифатилиштето се пуштаат на локацијата каде што се заловени.

Тендерот за заловување на кучињата во Куманово го спроведува ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“.

Од секторот за инспекциски надзор најавија дека наскоро во соработка со здруженија за заштита на животни ќе организираат и акции за вдомување.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе