Бразилскиот претседател распореди војска во државата Рорајма, која граничи со Венецуела

Од:

Бразилскиот претседател Мишел Темер потпиша указ за распоредување на силите на армијата во северната држава Рорајма на границата со Венецуела, за да помогнат во одржувањето на редот и да ја гарантираат безбедноста на венецуелските имигранти.

Темер го обвини венецуелскиот претседател Николас Мадуро за бегството на Венецуелците, што предизвика миграциска криза која се шири преку границите и во соседните земји.

– Проблемот на Венецуела веќе не е само внатрешнополитички. Тој се заканува на хармонијата на целиот регион, истакна Темер.

Во меѓувреме, Перу објави вонредна состојба во здравствената заштита на својата северна граница. Перуанскиот претседател Мартин Вискара прогласи 60-дневна вонредна состојба во две провинции на северната граница. Како причина се посочува „непосредната опасност“ по здравјето и хигиената како резултат на имиграцијата. Повеќе детали не се спомнуваат.

Претходно, здравствените власти во Перу изразија загриженост дека мигрантите може да донесат болести како мали сипаници и маларија, бидејќи многумина од нив немаа пристап до основните здравствени услуги во својата татковина. И бразилските власти, на почетокот на месецов соопштија дека миграцискиот бран предизвикал епидемија на мали сипаници во земјите соседни на Венецуела, вклучително и Бразил, каде болеста се сметала за искоренета.

Високи претставници на миграциските власти на Перу, Колумбија и Бразил се собраа на дводневен состанок во Богота за да разговараат за тоа како да се справат со миграциските текови.

Сега, речиси еден милион жители на Венецуела живеат во Колумбија, а повеќе од 400.000 во Перу, соопштија вчера по состанокот властите на двете земји. Само 178.000 од оние во Перу имаат дозвола да останат или нивните случаи се решаваат.

Колумбија и Перу ќе разменуваат податоци за мигрантите преку заедничка база на податоци за следење на пристигнувањата и заради праведна распределба на помош, велат двете страни. Тие, исто така, поканија и други земји погодени од миграцијата на Венецуела, да се придружат на нивната иницијатива.

Следната седмица, министрите за надворешни работи на Еквадор и Колумбија, а можеби и на Перу и Бразил ќе се сретнат во Еквадор, за да разговараат за венецуелското миграциско прашање, соопшти Кристијан Кругер, началник на колумбиската агенција „Миграција“..

Перу, исто така, повика на состанок на Организацијата на американските држави и на Обединетите нации за да се разговара за ова прашање, рече перуанскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата