МТСП е отворено за дијалог и за партнерство со Синдикатите

Од:

Министерството за труд и социјална политика е отворено за дијалог и партнерство со Синдикатите во врска со прашањата поврзани со подобрување на условите во детската заштита. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, исто како лани, и годинава ќе присуствува на редовната седница на Советот на СОНК кој е најавена за петок, 31 август годинава, за да ги слушне барањата на Синдикатот.

Министервото за труд и социјална политика веќе покажа дека го почитува социјалниот дијалог со Синдикатите. Наследивме распаднат систем на детска заштита во кој недостигаа 2.000 лица пероснал. Воспитувачките и негователките беа држани на работа со договори на определено време. Од први јануари до сега добивме согласности за вработување на над 900 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време. Согласно колективните договори вработените во градинките лани добија покачување за 5%, а годинава почнувајќи со септемвриската плата исплатена во октомври, ќе добијат уште едно покачување од 5%.

Истовремено работиме и на воведување на нов систем на плати кој ќе биде во интерес на вработените во секторот детска заштита.

Освен на кадровско јакнење МТСП повеќе од една година посветено работи и на подобрување на капацитетите за згрижување на децата. До крајот на годината МТСП планира да отвори вкупно 24 детски градинки, а вработените и менаџментот на градинките веќе гледаат разлика дека системот се развива во добра насока.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска