Тројно убиство во Дебар, застрелани маж, жена и нивната малолетна ќерка

Од:

Во Дебар синоќа се случи тројно убиство. Смртно се застрелани маж, неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Полициската станица од општа надлежност во Дебар за настанот добила дојава од граѓанин, по што била известена Општата болница. Екипа на итната медицинска помош веднаш приситгнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.

Мотивите за тројното убиство се непознати.

Поради тежината на кривичното дело тоа е под надлежност на јавното обвинителство од Гостивар. Од обвинителството соопштија дека според првичните сознанија, жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија.

Сторителот засега е непознат.

Од Секторот за внатрешни работи од Охрид информации за случајот најавија во текот на денов.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он