Адвокатот на обвинетиот Горанчо Ангеловски го напушти судењето за крвавиот четврток

Од:

Судијката Добрила Кацарска која го суди предметот за насилството во Собранието на 27 април 2017 година, даде еден час пауза, за да му се обезбеди адвокат по службена должност, на обвинетиот Горанчо Ангеловски, откако претходно, адвокатот Тони Менкиновски, кој го застапуваше обвинетиот, рече дека немал доволно време за да ја подготви одбраната на неговиот клиент и поради тоа го повлече полномошното и ја напушти судницата.

Менкиновски на судијката ѝ рече дека за ова ќе го информира комесарот за човекови права при Советот на Европа, бидејќи немал време за подготовка на ефективна одбрана за неговиот клиент.

Судијката Кацарска, откако адвокатот го напушти судењето, рече дека неможе со закани до судот да се влијае на неговата работа.

Таа образложи дека обвинетиот имал ангажиран бранител, адвокатот Александар Огненовски, но на 20 јули годинава, адвокатот го известил судот дека му го откажува полномошното на Ангеловски. Кацарска веднаш го известила обвинетиот дека има можност да избере нов бранител, но откако не добила повратен одговор, му назначила бранител по службена должност.

Судијката рече дека еден ден пред да започне судењето, адвокатот кој го напушти судењето, Тони Менкиновски, ја известил дека ќе го застапува Горанчо Ангелов. Судијката рече дека адвокатот не смеел да ја напушти судницата и да го остави обвинетиот без адвокат, за што ќе следи дополнителна реакција од судот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески