Јужнокорејски суд и ја продлжи затворската казна на Парк Геун Хе на 25 години

Од:

Јужнокорејскиот Висок суд ја продолжи затворската казна на поранешната претседателка Парк Геун Хе (66) на 25 години и парична казна од 17,8 милиони долари поради корупција и злоупотреба на службената положба.

Судот соопшти дека Парк има недела дена да вложи жалба на таа пресуда.

Во април Окружен суд ја осуди Парк на 24 години затвор и 16, 8 милиони долари поради давање мито, изнуда, злоупотреба на службената должност и други обвиненија.

Пресудата е донесена година дена откако беше симната од власт, а по повеќемесечни протести поради корупциски скандал поради кој беа уапсени уште неколку јужнокорејски официјални лица.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски