Чавков е избран за најголемиот црн ѓавол, а другите двајца се ослободени, рече адвокатот на ексдиректорот на БЈБ

Од:

По паузата во кривичниот суд во Скопје, продолжи изнесувањето на воведните зборови во судењето за крвавиот четврток за настаните во Собранието.

Адвокатот на Митко Чавков, ексдиректорот на БЈБ, и на Богдан Илиевски, Сашко Дуковски рече дека неговите двајца клиенти не се виновни.

„Тие се невини и додека сум им јас бранител, со правни аргументи ќе го докажеме тоа”, рече Сашко Дуковски.

„Како е можно еден ист настан да има различни епилози? Има наредба за истрага 7 месеци по настанот”, вели Дуковски.

Според него сите кривични дела за кои судот изрече пресуди, за учество во толпа што ќе стори кривично дело, насилство и обид за убиство се бенигни во однос на обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, и обвинетите се ставени во нерамноправна позиција.

„Не може да има различен третман”, рече Дуковски.

Тој рече дека претседателот на Собранието бил избран, па праша за кое оневозможување да биде избран, се товарат во обвинението.

Дуковски смета дека нема дејство на извршување во обвинението и дека на Чавков му се импутира директна умисла за делото врз основа на лист хартија, кое е Упатството во МВР, според кое ексдиректорот на БЈБ, требало реагира.

Според адвокатот на Чавков, кој цитираше одредби, одговорност има само за Чавков, а не и за останатите лица кои имале законска можност да реагираат.

„Како Чавков е избран за најголемиот црн ѓавол, а другите двајца кои имале командна одговорност се ослободени”, праша адвокатот на Чавков и додаде дека за акција требала писмено барање од сребрената команда и наредба од началникот на централните полициски сили.

Според записникот од кризниот штаб на МВР, Агим Нухиу, дошол во штабот во 19:25, а Чавков во 20:08 часот, рече адвокатот: „И сега што? Тоа ли е вината?”.

Полицијата во Собранието била испратена со потпис на Чавков, рече неговиот адвокат.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески