На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците

Од:

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk досега се доставени 2.437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 2392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, во Лондон – 127, во Торонто – 136, Виена – 108, Канбера 99 итн.​

Најмалку пријави за гласање се поднесени во Талин, Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Сараево – по две пријави.

Пријавувањето трае до вече на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Од ДИК информираат и дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица – 509​, Битола – 454, Карпош – 431.

Во периодот од почнувањето на јавниот увид донесени се и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во избирачкиот список.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со денеска, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски