Актерот Владо Јовановски не повикувал на насилство, туку читал песна од Блаже Конески

Од:

Адвокатот на обвинетиот актер, Владо Јовановски, Донче Наков, рече дека неговиот клиент во периодот од 17:37 до 18:30 часот, бил на новата железничка станица во Скопје да плаќа глоба за паркинг, за што, имал докази од МВР за мандантна казна и од јавното претпријатие за паркинзи.

„Идентитетот му е утврден од МВР”, рече Наков.

Според неговиот адвокат, Јовановски само пеел патриотски песни и држел говори без акт на наислство и умисла. Во пленарната сала, говорот го почнува со песна од Блаже Конески и не повикува на насилство.

Тој рече дека Јовановски пред влезот на Собранието стоел со грбот свртен кон вратата и рецитирал и пеел.

Во кривичниот суд продолжи изнесувањето воведни говори на адвокатите на обвинетите за крвавиот четврток. Судијката Добрила Кацарска ги предупреди адвокатите да ги почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и да се изјаснат на кои околности ќе ја темелат одбраната, а не да даваат завршни зборови.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски