„Не може вие да ми кажувате до кога ќе работи судот“, им рече судијката на адвокатите

Од:

Судијката Добрила Кацарска ги опомена дел од адвокатите на обвинетите на судењето за крвавиот четврток, дека не може ниедна од странките да диктира динамика на работа на судот, откако претходно, некои од бранителите прашаа до кога ќе траат рочиштата.

„Не ми го трошете времето. Седете. Ве опоменувам усно без одобрение на судот да не зборувате! Не може вие да ми кажувате до кога ќе работи судот”, ја опомена судијката Кацарска, на висок тон, адвокатката Павлина Зефиќ.

„Мојата толеранција има праг. Адвокатите го знаат мојот стил на работа”, рече Кацарска.

„Денешното судење почнуваме не со наредби, туку со молби за културно однесување”, рече судијката.

„Ако 10 адвокати зборувате едно исто ќе седиме во судницата до кога има потреба” рече Кацарска.

Предметот, како што посочи судијката е голем, тежок и актуелен со голем интерес од јавноста.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески