А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Макрадули: Во Гази Баба нема континуирано загадување

by А1он22/08/2018 - 12:17328
Share0

Во Гази Баба за жал има компании кои можеби во процесот на производство прават некоја грешка која инцидентно емитува чад или нешто друго, но континуирано загадување во овој момент нема, појасни денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој посочи дека во Гази Баба се калибрира само ПМ 10 инструментот во рамки на мерната станица во која како и во секој друга има пет мерни инструменти што мерат различен тип емисии во воздухот.

– Една мерна станица во Македонија, согласно европските стандарди, покрива површина од четири километри квадртни каде чувствува емисии на нешто. Доколку има перманентно загадување, а не нешто што се случува инцидентно, невозможно е и покрај неработењето на ПМ 10 инструментот во Гази Баба тоа да не биде детектирано од мерните станици во Бутел, Ректорат и Лисиче, рече Макрадули во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека Министерството и Град Скопје во рамките на своите надлежности веќе направиле увид за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и како што рече, имаат некои сознанија кои ќе бидат обелоденети.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Тие се објекти кои имаат лиценци и не се нелегални. Затоа на граѓаните ќе им понудиме апликација со која сите „А“ и „Б“ инстлации кои постојат во Град Скопје ќе бидат на ГИС портал и за што се наменети. Доколку граѓаните забележат нешто да се случува автоматски ќе го пријават и веднаш ќе реагира Инспекторатот, потенцира Макрадули.

Кај мерните станици, додаде, ни еден податок не се крие и тие автоматски преку Џи-Пи-Ес системот одат директно на веб порталот на Министерството за животна средина и никој не ги контролира бројките кои се јасни и видливи.

– Инструментите ПМ 10 се набавени во 2002 година и работат 24 часа. Во рами на нашите можности дел од ПМ 10 инструментите ќе бидат земенети сега се надевам со итна набавка, рече Макрадули.

ekogazi babavladazagaduvanje

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто