ФОТО: Чавков и обвинетите пречекани со зурли и тапани пред кривичниот суд

Од:

Eксдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и обвинетите за крвавиот четврток, беа пречекани со зурли и тапани пред кривичниот суд.

Во судот пристигнаа Игор Дурловски, Јохан Тарчуловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Крсто Мукоски и другите обвинети.

Од сканидрањата може да се чуе „Уа предавници, уа бандити“, а една од присутните пред судот држи лист на кој е испишана пораката: „Македонските патриоти ги овинува обвинител учесник во шарената револуција – Вилма Русковска (шарена обвинителка). Изземање и оставка!“

На обвинителна клупа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, освен Чавков, ќе седнат и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во Собранието се 30 лица.

Предметот ќе го води судијката Добрила Кацарска, која го осуди експремиерот Никола Груевски на казна затвор од 2 години за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“.

Судијката закажа вкупно 38 рочишта, од кои 5 во август, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски