Во базата на Мекларен Ф1 тимот во беше престави моделот МП4-28, болидот со кој ќе се натпреварува во новата сезона од Формула 1 првенството.
Презентацијата на новата формула на Мелкарен можеше да се следи и директно преку официјалниот канал на ЈуТјуб. На промоцијата во седиштето на Мекларен можеа да се видат и шампионските болиди на Аиртон Сена, Мика Хакинен и Луис Хамилтон.
Мекларен титулите кај возачите и во конкуренција на конструктори во сезоната 2013 ќе ги напаѓа со Џенсон Батон и Серхио Перез, кој дојде на местото на Луис Хамилтон, кој се пресели во Мерцедес.
Новото првенство во Формула 1 ќе стартува на 17. март со трката за Големата награда на Австралија, која ќе се вози на Алберт парк.