МО: Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува по пустошот што го направи во АРМ

Од:

Министерството за одбрана смета дека е недоговорно ВМРО-ДПМНЕ како партија која била 11 години на власт и целосно ги запоставила АРМ и Министерството денес да обвинува за негрижа. Од Министерството посочуваат дека сегашната власт наоѓа решенија за пустошот што претходната го оставила во оваа област.

– Зачудувачки е што тие испраќаат соопштение со лажна загриженост и денеска кога медиумите пренесуваат разговори од таканаречените бомби во кои се слуша како се врши притисок на војниците на АРМ пред парламентарните избори во 2011 година. Ние изнаоѓаме решенија за пустошот што го остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе во Армијата на Република Македонија и во Министерството за одбрана, особено поради нивните планови да ја зајакнат полициската држава на сметка на АРМ, се вели во реакцијата од МО на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството посочуваат дека за првпат после десет години ги зголемиле платите на припадниците на АРМ за 10 отсто, го зголемиле буџетот за одбраната за 15 отсто, ја вратиле исплатата на јубилејна награда која тие премолчено ја укинаале, го вратиле плаќањето за 24 часа континуирано дежурство кое, исто така, било прекинато со години наназад.

– Модернизација на АРМ веќе започна. Дел од набавките веќе се објавени. Огласот за набавка на теренски чизми за сите родови на АРМ е во тек а повторно ќе се објави и огласот за набавка на униформи. Заврши времето на тендери во четири очи. Ние го почитуваме Законот за јавни набавки и ја следиме законската процедура, посочуваат од Министерството за одбрана.

Во реакцијата уште се посочува дека нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ предизвикува нивната неможност да се помират со фактот дека државата излегла од кризата и оти еден по еден се решаваат сите проблеми што ги создале за време на нивното апсолутистичко владеење.

– Имаме покана од НАТО, на прагот сме пред отворање на преговори со ЕУ, Министерството за одбрана со минатоднеделната прослава на денот на АРМ сумираше зад себе една успешна година во кое освен добиената покана за НАТО, се и зголемените плати, зголемениот буџет, враќање на јубилејната награда, враќање на паричниот надомест за 24 континуирано дежурство, а наскоро ќе бидат набавени и новите униформи и обувки за припадниците на АРМ, се истакнува во соопштението од МО.

Крајно време е, се додава, опозициската партија да престане да шири лаги и дезинформации и да им се придружи на своите граѓани во, како што се посочува, овие историски моменти кога се носи одлука која ја засега и АРМ и сите граѓани на државата.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната