Министерот за правда на Белгија, Кун Генс, порача дека расте ризикот од терористички атентати спроведени од екстремната десница во земјата, според податоци на Државната Безбедност.
Државната Безбедност, цивилната служба за разузнавање на Белгија, која ги прати екстремнистичките движења, ја информирала белгиската влада дека се радикализира екстремната десница во земјата.
Службите сѐ почесто се соочени со говор на омраза на социјалните мрежи, напади врз џамии како и вербално и физичко насилство кон припадници на муслиманската вера.
-Напади организирани од радикализирани десничарски екстремисти не се исклучени во Белгија, изјави министерот за правда Кун Генс.
-Државната Безбедност оценува дека во нашата земја има десетици активисти од екстремна десница подготвени да спроведат насилни акции или да го прекршат законот врз основа на нивната идеолошка рамка, додаде министерот. Градовти како Антверпен, Брисел, Шарлероа, Гент и Мехелен содржат важни концентрации на активисти од екстремната десница. Ги наоѓаме и во руралните региони на западна и источна Фландрија, Лимбург, Лиеж и во провинцијата Луксембург, објасни министерот.
Иако најчесто нивните активности се ограничени на ширење говор на омраза на социјалните мрежи, забележани инициденти како фрлање молотови коктели на џамии и бегалски центри.
Државната Безбедност на Белгија информираше дека сѐ почесто се прислушуваат граѓани во рамките на борбата против тероризмот.
Лани 7475 мерки за прислушување се спроведени во рамките на 956 судски истраги, што претставува зголемување од пет отсто во однос на претходната година. Во 2011 бројката била 5590 и е во постојан подем.
Прислушкувањата ја чинеле државата околу шест милиони евра, што е значително помалку од претходните години иако прислушкувањата се побројни. Оваа заштеда се должи на договор склучен со телеком операторите.
Државата не смее да прислушкува без налог од судија, и операциите се водат исклучително во рамки на истраги за тероризам и други тешки кривични дела.