Бразилската Влада планира испраќање војници во Пакараима, откако жителите на тој пограничен град нападнале мигранти од Венецуела.
Бразилското Министерство за јавна безбедност има намера да испрати најмалку 60 војници од елитните сили во Пакараима.
Во изминатите години во тој град се упатија десетици илјади луѓе од Венецуела кои ја напуштија својата држава поради економската и политичка криза.
Жителите на градот нападнале мигранти откако во саботата бил ограбен и избоден со нож локален сопственик на продавница. За нападот се одговорни четворица мигранти.
Според податоци на хуманитарна органзиација, најмалку 1.200 мигранти поради насилствата се вратиле во Венецуела. Проценките се дека повеќе од 50 илјади жители на Венецуела преминале во Бразил.