ДОМ: Кој дозволува Гази Баба да се труе?

Од:

ДОМ се обраќа до Државниот инспекторат за животна средина и го прашува зошто дозволува Гази Баба да се труе веќе десетина дена со повеќе од 400 ПМ10 честички?

„Имено, по нашата јавна прозивка до сите инспекторати за животна средина, градскиот инспекторат излезе на терен и утврди дека најверојатен извор на загадување претставува стопански субјект во рамките на поранешна Железара, кој работи со А-интегрирана дозвола. Информацијата е јавно достапна со илустрација.

Значи, инспекција во тој субјект може и треба да направи единствено Државниот инспекторат за животна средина. По утврдување на евентуален позитивен наод, мора да го спречи загадувањето и да изрече казна. Доколку не го направи тоа во најскоро време, ќе ја сметаме оваа институција за соодговорна за енормното загадување на Гази Баба последниве денови, а јавноста треба да дознае кој и кого го штити, на сметка на јавниот интерес и здравјето на граѓаните!“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски