СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штанца лажни вести

Од:

„ВМРО ДПМНЕ-лажирана, штанца лажни вести само за да го покрие тоа што се уште нема став за клучното прашање за иднината на државата

Секојдневното штанцање измислени, лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ и неуспешните обиди за ширење паника се единствено за покривање на фактот што се уште оваа партија и нејзиното раководство нема јасен став за клучното прашање за иднината на државата.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен став и бара амнестија ама нема став за референдумот, нема став за членството во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ја пустошеше Македонија а здравството го доведе до колапс. Здравствената заштита не функционираше, немаше лекови, трудот на лекарите беше потценет, здравствените домови руинирани, а се спроведуваа криминални тендери .

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство спроведува процес за рехабилитација на здравстениот систем.

Денешните изнесени невистини од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири уште вчера беа целосно демантирани од страна на Министерството за здравство.

Како што беше соопштено споменатата невладина организација не е во функција повеќе од 1 година и никогаш нема донирала инсулин.

Донацијата за инсулин која се споменува е директна донација од страна на Ново Нордиск.

И најважно од се, нема инсулин во Република Македонија кој е со краток рок. Граѓаните може да бидат спокојни.

ВМРО ДПМНЕ-лажирана е целосно прочитана од граѓаните и ова штанцање невистини и лажни вести не поминува.

Време е опозицијата да се разбуди од сонот на лажни вести и да се приклучи на реалноста“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ почна постапка за избор на нов претседател, во игра се повеќе кандидати

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Преговорите за новата Влада ќе завршат во следните неколку дена

Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Предраг Петровиќ