Единствена Македонија: Венецијанската комисија препорачува сите да добијат буџетски пари за референдумска кампања

Од:

„Единствена Македонија ја предупредува пучистичката влада во Скопје дека прави кривично дело со тоа што само владината кампања за референдумот ќе биде покриена со буџетски средства.

Владата знае или би требало да знае дека буџетот го полнат сите граѓани и во услови кога постои кампања на владата да се гласа ЗА на референдумот и кампања на Кризниот штаб од 28 организации за неизлегување и бојкот на референдумот, тогаш е потребно или двете страни да се финансираат од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства.

Дотолку повеќе и Венецијанската комисија препорачува балансирана финансиска презентација што подразбира буџетско финансирање како на владината кампања за референдумот, така и на спротивната страна, во случајов Кризниот штаб за бојкот на референдумот.

На пример, на референдумот во Велика Британија за напуштање на Европската унија, пари од буџетот добија и про ЕУ кампањата и анти ЕУ кампањата, односно, сите политички субјекти без оглед дали биле „за“ или „против“.

Единствена Македонија ја разбира нервозата кај марионетската власт од фактот што народот масовно нема да излезе и ќе го бојкотира референдумот, но, ова не им дава за право на Владата да го третираат буџетот како приватна сопственост.

За флагрантното кршење на Уставот со едностраното буџетско финасирање на референдумската кампањата само на Владата, одговорност мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска