Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија го одложи судењето на Ратко Младиќ, водачот на босанските Срби, на неодредено време.
Одбраната на 31. мај побара судењето да се одложи за шест месеци, велејќи дека нема доволно време да се подготви и притоа предупреди на „неправилностите“ во откривањето на доказите од обвинителството.
Младиќ (79), беше уапсен на 26. мај 2011 година. По 16 години бегство тој се најде во судот во Хаг, обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во војната во Босна (1992-1995) во која беа убиени 100.000 лица, а 2,2 милиони се раселени.
Судиите по барање на одбраната веќе еднаш го одложија судењето на 17. мај, ден откако обвинителството го имаше воведниот дел. Првиот сведок требаше да се појави на 25. јуни, откако претходно беше откажано неговото сведочење на 29. мај.